Филаделфија вторпат за два дена не може да му даде 80 поени на Њујорк, Сабонис со „кралски“ рекорд (Видео)

Њујорк никс вторпат за два дена ја пречека Филаделфија, а Сиксерс повторно постигнаa 79 поени, но овојпат тоа не беше доволно за победа бидејќи Никс не даде 73 поени како завчера, туку 106.

Џош Харт беше најдобар поединец на мечот со трипл-дабл од 20 поени, 19 скока и 10 асистенции.

Сакраменто беше убедлив против Милвоки со 129-94 во меч на кој Домантас Сабонис (имаше 22 поени и 11 скока) постави клупски рекорд на Кралевите со 47-миот дабл-дабл по ред во една сезона.

На оваа средба во Сакраменто беше виден и потегот на вечерта, забивањето на гостинскиот играч Андре Џексон џуниор, кој скокна толку високо што главата му беше над обрачот. Јанис Адетокумбо имаше 30 поени и 13 скока, но не можеше да спречи убедлив пораз.

Во останатите мечеви, постигнати беа следните резултати: Мемфис – Вашингтон 109-97, Оклахома сити – Индијана 111-121, Сан Антонио – Хјустин 101-103, Јута – Бостон 107-123, ЛА клиперс – Минесота 100-118.

- Оглас -

Најнови вести