Филип The Great: Голот кој ја однесе Македонија на Светско првенство (Видео)

Македонија ја победи Чешка во „Борис Трајковски“ со 27:25 и обезбеди место на Светското првенство кое ќе се игра следната година. Вистинска драма беше до самиот финиш на мечот.
Македонија водеше со 26:25, а на 17 секунди до крајот, Филип Кузмановски ја презеде одговорноста да го шутира пеналот кој требаше да го потврди пласманот на Мундијалот 2023 година.

Кузмановски покажа дека знае да ја преземе одговорноста и да погоди кога е најпотребно. Ракометарот кој одигра еден од своите најдобри мечеви, со својот деветти погодок на овој меч донесе големо славење и радост на 7.000 навивачи во салата.

Доколку Кузмановски промашеше, Чешка ќе имаше шанса да израмни, а во таква ситуација гостите ќе се радуваа. Сепак, Филип покажа дека е голем играч и погоди. Македонија повторно е на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести