Филмска приказна на Саутгејт со симболика од легендарниот ноќен локал во Њујорк – Селекторот на Англија е единствен што успеа да влезе во клубот 57

Герет Саутгејт вечерва од 21 часот по 57-ми пат ќе ја предводи Англија како селектор на дуел против Чешка на „Вембли“ и ќе забележи уникатен подвиг.

Кормиларот на Гордиот Албион одигра исто толку натпревари за својата земја во репрезентативната кариера од 1995 до 2004 година и е единствениот што ќе влезе во клубот 57 и како селектор и како играч.

Ниту еден друг Англичанец не успеал двапати како шеф на стручниот штаб и како фудбалер да ја мине границата од 50+ натпревари во двете категории.

Англија мора да победи вечерва против Чешка за да биде прва во Д групата, а во спротивно Чесите ќе бидат пред нив бидејќи би имале идентичен меѓусебен скор, но и подобра гол-разлика во случај мечот на „Вембли да заврши нерешено.

Пред стартот на последното коло во оваа група, Чешка и Англија имаат по 4 бода, а Хрватска и Шкотска кои играат меѓу себе исто така од 21 часот имаат по еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести