Филмска приказна за среќните 7 часа на Џејмс – Во ист ден го следеше породувањето на сопругата, летна за Лондон и погоди пенал во Лига купот на Англија (Видео)

Даниел Џејмс мина неверојатна авантура со убави моменти вчера од 15 до 22 часот и успеа да стигне од Лидс, каде што го следеше породувањето на својата сопруга со првото дете, до прецизен удар од белата точка во пенал-серијата во Лондон против Фулам за пласман во следната рунда на Лига купот на Англија.

Во кус рок од само 7 часа траеше филмската приказна на 23-годишниот играч на Лидс. Го следеше породувањето во болница на своте прво дете од 15 часот, 60 минути подоцна леташе со хеликоптер за Лондон, а во 20 часот го почна мечот против Фулам како стартер за Лидс.

Драма со среќен крај имаше и на „Крејвен котиџ“, а по регуларниот дел без голови, следуваше долга серија на пенали. Двете екипи шутираа по 8 пати, Џејмс погоди за Лидс во втората серија, што на крајот ја доби неговиот тим со 6:5 и се пласира во осминафиналето на Лига купот на Англија.

Џејмс летово од Манчестер јунајтед се пресели во Лидс и потпиша петгодишен договор за сума од околу 30 милиони евра.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести