Руските решетки прават чуда – Излезе од затвор и дава голови како луд (Видео)

Александер Кокорин и вечерва  беше немилосрден кон противничкиот голман и постигна хет-трик против Ростов во убедливата победа на Сочи од 10:1 и прави чуда, откако излезе од затвор.

Поранешниот руски репрезентативец поради насилство во октомври 2018 година, заедно со Павел Мамаев беа осудени на казна затвор, а заедно беа зад решетки речиси една година.

Потоа се пресели на позајмица од Зенит во Сочи и немилосрдно ги тресе мрежите на противничките голмани. Одигра вкупно шест меча за новиот тим и постигна 8 гола, вклучувајќи ги и трите вечерва против Ростов.

Гостите поведоа со погодок во 47. секунда, а потоа на сцена стапи Кокорин, кој ги предводеше домаќините до неверојатен триумф од 10:1.

Поранешниот руски репрезентативец беше прецизен во 15. 44. и во 51. минута, а потоа беше заменет по 70 минути игра. Гостите од Ростов вечерва играа со младински тим против Сочи.

- Оглас -

Најнови вести