Финалето на ФА купот е празник за Англичаните, ќе се игра со публика на „Вембли“

Финалето на националниот куп, или популарно познат како ФА куп е празник за Англичаните и веќе се договара опција да се игра на култниот „Вембли“ со присуство на публика.

Капацитетот на лондонската арена е околу 90 илјади гледачи, а има можност да биде и безбедно и со фудбалска атмосфера што и доликува на Англија на 1. август за кога е закажан мечот за пехарот.

Принципот што веќе се спроведува во некои земји е на секое петто место на трибините да може да има навивачи, со што би се задоволиле и строгите критериуми и протоколи за безбедност и социјална дистанца.

ФА купот според планот треба да продолжи со четвртфиналните мечеви на 27. и на 28. јуни, а потоа би се играле полуфиналињата на 18. и на 19. јули.

Ова е сепак провизорен план што би требало да биде реализиран за да може да се игра финалето предвидено со околу 20-на илјади публика на први август на „Вембли“.

Како претходница би послужил рестартот на Премиерлигата закажан за 17. јуни.

Четвртфиналните двојки во ФА купот се:

Шефилд јунајтед – Арсенал, Лестер – Челзи, Њукасл – Манчестер сити и Норич – Манчестер јунајтед, а ќе се игра само еден меч.

- Оглас -

Најнови вести