Финалето на Копа Америка ќе го суди Уругваец со југословенско презиме

Уругвајскиот судија Естебан Остојиќ ќе ја има честа да биде главен судија на големото финале на Копа Америка помеѓу вечните фудбалски ривали Бразил и Аргентина.

Кога ќе се прочита презимето на судијата, веднаш се доаѓа до заклучок дека тој има потекло од просторите на некогашна Југославија. Судијата има 39 години, роден е во Уругвај, а во неговата биографија стои дека неговото семејство се доселило во Монтевидео во далечната 1930 година, годината кога во главниот град на Уругвај се играше првото Светско првенство, на кое настапи и репрезентацијата на Југославија.

- Оглас -

Најнови вести