Финалето на купот на Италија ќе се игра со публика

Финалниот натпревар од Купот на Италија во фудбал, ќе се игра со ограничен број на публика. Тој меч помеѓу Аталанта и Јувентус на 19-ти мај на стадионот на Сасуоло во Реџо Емилија, ќе може од трибините да го гледаат околу 4.700 навивачи, што е 20 проценти од капацитетот на „Мапеи“.

Барањето на италијанската фудбалска федерација е одобрено, откако претходно се дозволи и на средбите од Европското првенство кои треба да се играат во Рим, да има публика и тоа 25 проценти од капацитетот на „Олимпико“.

- Оглас -

Најнови вести