Финалето на ЛШ ќе се игра во Истанбул, ама во 2023 година!

УЕФА утре или најдоцна задутре ќе одлучи дефинитивно каде ќе се игра финалниот натпревар на 29 мај од фудбалската Лига на шампиони, но како што стојат работите, речиси сигурно нема да се игра во Истанбул. Стадионот „Ататурк“ беше избран за домаќин на финалето во 2020, но на Турците им беше одземена организацијата и доделена на Португалците, а тоа изгледа ќе се случи и годинава.

Кај Британците голема е желбата финалето помеѓу Манчестер сити и Челзи да се игра некаде во нивната земја, предложен е лондонскиот „Вембли“, но УЕФА е поборник за преселба на финалето во Порто или Лисабон. Во Португалија би можеле да одат англиските навивачи без да седат во карантин по враќањето дома.

Следната 2022 година финалето треба да се игра во Санкт Петербург во Русија, а Истанбул, кој извиси во 2020 и изгледа и во 2021, ќе мора да почека до 2023 година. Во 2023 година се одбележува 100-годишнина од постоењето на Република Турција, па веројатно Турците ќе се согласат со предлогот финалето да се игра кај нив тогаш пред полни трибини.

- Оглас -

Најнови вести