Финалето на ЛШ во ватерполо со примамливи квоти, Про Реко во Белград оди по десетта титула

Завршницата на Лигата на шампионите во ватерполо ќе го одреди европскиот првак, но освен финалето во кое се среќаваат домашниот Нови Београд и италијанскиот гигант Про Реко, има уште три меча (за трето, петто и седмо место) на кои може да се обложите.

Финалето се игра во Белград, но фаворит според квотите е Про Реко, кој оди по својата 10-та европска титула. Нови Београд може првпат да стане европски владетел.

Првпат после 2018 година, домаќинот на фајнал-еит турнирот игра финале. Во полуфиналето, српскиот тим во драматичен меч со гол на 5 секунди до крајот, минимално ја победи Бреша и спречи италијанско финале.

- Оглас -

Најнови вести