Финалето од најстарото натпреварување во светот е мегадербито за 35-тото коло на Спортска прогноза

Паровите од новото коло на Спортска прогноза веќе се познати и може да ги дадете вашите типови. Стандардно, вкупно 13 интересни дуели се на понудата, а главниот предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се дадат точните фиксови на сите понудени парови. Само на тој начин може да стигнете до главната премија мобилен телефон „ајфон 12“.

Подароци има и за оние кои ќе имаат едно, односно две промашувања. Со 12 погодени следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11 погодоци ваучерот е во износ од 500 денари.

Дербито за ова коло е во Англија и е борба за трофеј во ФА купот. Натпреварувањето кое е познато како најстаро во светот, в сабота ќе го има своето финале, а учесници ќе бидат Ливерпул и Челзи.

Ливерпул веќе освои еден трофеј, тој во Лига купот, а тимот на Јирген Клоп сега ќе се обиде да победи за да го продолжи сонот во трката за освојување на четири трофеи во една сезона. Црвените од „Енфилд роуд“ ќе играат и во финалето од Лигата на шампионите, а се во трка и за трофејот во Премиер лигата.

За Челзи ова ќе биде шанса за освојување на првиот трофеј по завршување на ерата на Роман Абрамович. Финалето се игра в сабота, на „Вембли“.

Освен ова мегадерби, останатите парови од ова коло може да ги пронајдете со кликнување на копчето ПРОГНОЗИРАЈ и уште сега да бидете дел од 35-тото коло на бесплатната игра на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести