Финалето во ЛШ ќе се игра пред навивачи?

Европската фудбалска куќа, им соопшти на четвртфиналистите дека може да очекуваат навивачи за големото финале во Лигата на шампионите, кое годинава ќе се одржи во Истанбул на стадионот „Ататурк“.

Планот е да се продаваат т.н. „паметни влезници“, кои ќе ги добијат на своите смартфони детално избрани фудбалски фанови. Овој систем ќе спречи нелегално препродавање на билетите кои ќе бидат во ограничен број.

Се претпоставува дека УЕФА планира да дозволи околу 9.000 фанови на трибините, додека и финалистите ќе добијат одреден број на влезници за нивните навивачи. Конечната одлука ќе се донесе по состанокот на УЕФА со турската влада, но очекувањата се оптимистични дека ќе се постигне договор.

Финалето во Лигата на шампионите е предвидено за 29 мај на стадионот „Ататурк“, кој има капацитет од 75,415 седишта.

- Оглас -

Најнови вести