Финансиска полиција го „тресе“ Милан, запленети компјутери и мобилни телефони

Фудбалска вест на денот во Италија не е реванш-натпреварот на Наполи во осминафиналето од Лигата на шампионите против Барселона, туку упадот на финансиската полиција во просториите на Милан.

Весникот „Република“ пишува дека при претресот во канцелариите на Росонерите биле запленети сите компјутери и мобилните телефони на вработените.

Според весникот, причина за упадот на полицијата е купувањето на Милан од страна на американскиот инвестициски фонд „Ред Бирд“, чиј сопственик е Гери Кардинале, кому пак му се заканува апсење.

Под истрага на финансиската полиција се и поранешните сопственици, инвестицискиот фонд „Елиот“ и поранешниот директор Иван Газидис.

Обвиненијата со кои се соочуваат актуелните и поранешните сопственици на Милан не се само по италијанските закони, туку и по прописите на УЕФА и доколку се докажат обвиненијата, тогаш италијанскиот гигант се соочува со жестока казна.

- Оглас -

Најнови вести