Финците и не се толку фини, имале нескромни барања од организаторите во Санкт Петербург

Фудбалската федерација на Финска, за потребите на своите фудбалски репрезентативци за време на престојот во руски Санкт Петербург, до домаќините испратиле листа со барања, од кои некои се необични. Финска на ЕП најпрвин ќе игра во Копенхаген, а потоа се сели во Санкт Петербург каде ќе ги игра вториот и третиот меч.

Финците во периодот додека се сместени во Санкт Петербург, побарале од Русите да имаат тениски терен за користење, и по 50 килограми мраз секој ден. Покрај тоа, имале и други „минимални“ барања како добро подготвен фудбалски терен и комфорни соблекувални.

- Оглас -

Најнови вести