Финците лесно го прелетаа Ереван со победа од 2-0

Финска дефинитивно има победнички рецепт за Ерменците и по четвртипат во петте меѓусебни дуели славеше победа. Вечерва, во премиерниот квалификациски меч за денеска гостите славеа во Ереван со 2-0 и го забележаа првиот триумф во групата Ј за пласман на ЕП 2020 година.

Играчот на Бундеслигашот Аугсбург, Фредрик Јенсен погоди во 14.-тата минута по асистенцијата на Тему Пуки, а конечниот резултат го постави Пири Соири во 78-мата минута по додавањето на Робин Лод.

Финците во првото коло загубија од Италија, исто така на гости, а Ерменија има два порази, овој вечерва од Финска и премиерниот од БиХ со 1-2 во Сараево.

 

- Оглас -

Најнови вести