Финците се плашат од војна во Босна и Херцеговина!?

Босна и Херцеговина е во ситуација со две победи во последните две кола да дојде до второто место во групата од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар следната година и да обезбеди место во баражот. Првиот предизвик е дуелот против Финска, а мечот треба да се игра на стадионот „Билино Поле“ во Зеница.

Сепак, медиумите во Финска пишуваат дека политичката ситуација во БиХ е многу сложена, па дури спомнуваат дека може да има опасност дури и од избувнување на војна.

Претседателот на Фудбалската федерација на Финска, Ари Латхи, вели дека БиХ е под постојан мониторинг на УЕФА и можно е дуелот да се одигра на неутрален терен.

„Европската фудбалска федерација (УЕФА) сигурно внимателно ја следи целата ситуација. Ако ситуацијата дојде да не биде сигурно да се игра во Зеница, верувам дека од УЕФА ќе преземат соодветни мерки“, вели Лахти.

Додека Финците се плашат од војна, во фудбалските редови на БиХ ситуацијата е мирна и сите фудбалери се целосно фокусирани на важниот меч.

Во оваа група, Франција е прва со 12 бода од шест меча, Украина има 9 бода од седум средби, а во игра се и Финска со 8 бода од шест меча и БиХ со 7 бодови од шест дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести