Фиорентина има гол-машина: Влаховиќ броеше до седум во едно полувреме!

Душан Влаховиќ, напаѓачот на Фиорентина, блесна во неверојатно издание во денешната контролна меѓу Фиорентина и италијанскиот нисколигаш Фолињо. Виолетовите триумфираа со 11-0, од кои седум погодоци беа постигнати во второто полувреме, сите во изведба на Влаховиќ.

Голгетерската серија Влаховиќ ја почна на самиот старт од второто полувреме со два гола, хет-трикот го забележа во 55-тата минута, по што следуваа уште четири негови погодоци од 68-мата до 80-тата минута за конечни 11-0.

Можеби четвртолигашот Фолињо не е мерило за квалитетот на 21-годишниот српски репрезентативец, но Влаховиќ докажа дека има прецизна нога со учинокот од 21 погодок во Серија А минатата сезона, за што беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Италија.

- Оглас -

Најнови вести