Фиорентина ги изненади прогнозерите за „ајфон12“, се чека кец на Верона за 99 вредни ваучери

Многу блиску до прекрасниот „ајфон12“ беа дури шестмина учесници на Спортска прогноза во 14-тото коло и дури четворица го промашија само исходот на мечот меѓу Фиорентина и Милан.

Неочекуван за нив беше првиот пораз на Росонерите во Серија А, па пропадна можноста вечерва да се чека единица на дуелот меѓу Верона и Емполи за „ајфон 12“.

Едниот прогнозер со 11 погодени парови досега од 12 одиграни мечеви на популарната Тринесетка го промаши исходот на мечот меѓу Барнли и Кристал палас со тип единица, а мечот заврши нерешено 3:3, додека уште еден падна на кец на Њукасл против Брентфорд, натпревар што исто така заврши со резултат 3:3.

Мечот меѓу Лион и Олимпик Марсеј не важи бидејќи е прекинат, па како дел од Тринаесетката се смета првиот резервен пар меѓу Рен и Монпелје, што многумина го погодија со тип победа на домаќините.

Интересно е што сите шестмина прогнозери со по 11 погодоци чекаат единица на мечот меѓу Верона и Емполи што ќе се игра вечер од 18.30 часот. Тие имаат обезбедено ваучери од по 500 денари од Sport Life, а ако Верона победи, тогаш ќе има вистински бум од награди и ваучери.

Шестмина во таков случај ќе бидат наградени со по 1.000 денари што може да се одиграат во Sport Life, а дури 93-ca прогнозери ќе бидат наградени со ваучер од по 500 денари од обложувалницата, која е организатор на бесплатната игра заедно со Спорт Манија.

Вкупниот фонд на награди што ќе биде исплатен ако Верона победи ќе биде 52.500, што досега не се случило во сите четири сезони на Спортска прогноза. Тоа е потврда дека треба да се игра секое коло за топ награди, а следното 15-то коло ќе биде на менито на прогнозерите веќе од утре, од 14 часот.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести