Фирмино за малку ќе го постигнеше најсреќниот гол на Копа Америка (видео)

Бразил ја декласираше селекцијата на Перу со 5-0 во третото коло од групната фаза на Копа Америка. Домакиќините на континенталниот собир како првопласирани од групата А ќе игра во четвртфиналето, додека Перу ќе го чека конечниот исход од табелата на третопласирани репрезентации.

Кариоките за првпат по три меча успеаја во првото полувреме да ја затресат мрежата, а против Перу го сторија трипати во првите 45 минути. Каземиро во 12-тата минута отвори, само седум минути подоцна Фирмино зголеми на 2-0, а голгетерот Ливерпул неколку моменти претходно за малку ќе го постигнеше најсреќниот гол на Копа Америка.

Голманот на Перу се обиде да ја испрати топката далеку од својот гол, неговиот удар заврши во грбот на Фирмино, а одбиената топка удри во дирекот. Фирмино успеа да ја стигне тoпката и потоа да се запише во листата на стреци.

До крајот на мечот Евертон, Дани Алвес и Вилијан ги поставија конечни 5-0.

 

Во исто време се играше мечот меѓу Боливија и Венецуела, останатите противници од групата А, а репрезентацијата на Венецуела со победа од 3-1 го осигура второто место во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести