Фирпо потпиша за Барса и веднаш се најде на клупа

Јуниор Фирпо е новото засилување на Барселона. Шпанецот со доминиканско потекло потпиша петгодишен договор со актуелниот првак, а Каталонците исплатија 18 милиони евра на Бетис за неговите услуги.

Со овој ангажман Барса ја завршува потрагата по лев бек кој ќе биде замена за Жорди Алба, претходно имаа амбициозни обиди да го доведата Давид Алаба од Баерн Минхен. Фирпо ќе има улога на втора опција кај тренерот Валверде, а веќе по потпишувањето на договорот се најде на клупата за резервни играчи.

Барселона моментално игра пријателски натпревар против Арсенал на „Камп ноу“, на која што Фирпо ќе чека шанса да дебитира во коцкастиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести