Фишер и Ајнтрахт не се плашат од шампионот: Кој фактор е Мане? Не му се плашевме на Баерн и кога играше Левандовски

Петер Фишер, една од најинтересните фигури меѓу претседателите на клубовите во Бундеслигата ги запали страстите пред дербито во првото коло меѓу неговиот Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен, што ќе се игра задутре, а Орлите ќе бидат домаќини.

„Кој фактор е Садио Мане, па ме прашувате за него? Па ние не му се плашевме на Баерн и игравме одлично против нив и кога играше Роберт Левандовски“, ја наелектризира атмосферата Фишер.

Мане од летово е нов член на Баерн, а ќе дебитира во Бундеслигата во петок, токму во Франкфурт против Ајнтрахт.

Левандовски, кој е крал на стрелците во Европа, во последните две сезони си замина од редовите на најтрофејниот германски клуб и ќе игра за Барселона.

Фишер е еден од најомилените ликови во Бундеслигата и кај навивачите на Ајнтрахт и победува на изборите со речиси апсолутно мнозинство.

Се однесува многу нормално и се дружи со симпатизерите на Ајнтрахт постојано покажувајќи со гестовите дека е дел од обичниот народ.

Со него како прв човек на клубот Ајнтрахт успеа да направи пресврт да се консолидира и да стане стабилен прволигаш, кој лани направи и голем успех со освојување на пехарот во Лигата на Европа.

По дербито со Баерн задутре, Ајнтрахт ќе патува за Хелсинки, каде што на 10 август ќе игра во Суперкупот на Европа со европскиот првак Реал Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести