Фишер се врати во Берлин, но нема да го предводи Унион против Баерн

Раководството на Унион Берлин ја откри причината за ненадејното заминување на тренерот Урс Фишер, кој денеска нема да биде на клупата на Бундеслигашот за мечот со шампионот Баерн Минхен.

Фишер го напушти кампот за тренинг на Унион Берлин во текот на неделава, заминал на погреб во Цирих. Швајцарецот се врати вчера во Берлин, но од приватни причини нема да биде присутен на денешниот дуел од 18 часот меѓу Унион и Баерн.

„Во моментов за Урс фудбалот не е во прв план и ние потполно го разбираме и сочуствуваме со него. Нема да го предводи тимот против Баерн, но се надеваме дека ќе биде на клупата за берлинското дерби со Херта“, изјави асистентот на Фишер, Кристијан Хофман.

Австриецот ќе биде главен тренер на домаќините, денеска, во за нив првиот меч на домашен терен против Баерн како Бундеслигаши.

Унион Берлин ја игра историската прва сезона во најквалитетниот ранг на натпревари во Германија и е во одлична позиција да се избори за опстанок, бидејќи е на 12. место со 30 бода и е во безбедната зона.

На првиот официјален меч меѓу овие две екипи во Бундеслигата, Баерн со многу мака го победи Унион Берлин со 2:1, откако гостите промашија пенал на мечот игран на 26. октомври во Минхен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести