Фјури: Ако Британија или САД се вклучат во војната, одам на фронт да ја бранам Украина!

Некогашниот ривал на Владимир Кличко, а сега еден од најдобрите боксери на светот во тешка категорија, Ирецот Тајсон Фјури (33), изјави дека ако Велика Британија или САД се вклучат во војна против Русија, тој веднаш ќе замине на фронт, како што направија неговите колеги, браќата Кличко, Олександр Усик и Васил Ломаченко.

„Ако во војната се вклучат Британија или САД, јас, моите момци и татко ми ќе одиме да ја браниме Украина. Прв ќе се пријавам. Ќе бидам во првите редови, ќе бидам лесна цел со своите 206 сантиметри, прв ќе загинам. Мојот промотор Френк ќе се крие од куршумите зад мене“, вели Фјури, кој на 23 април треба да ја брани титулата во ВБЦ верзијата против Дилијан Вајт.

- Оглас -

Најнови вести