Фјури е нестрплив, битката на годината против Џошуа сигурно ќе се одржи

Тајсон Фјури потврди дека сигурно ќе боксува против Ентони Џошуа во спектаклот на годината што сите го очекуваат. Светскиот првак во ВБЦ верзијата против шампионот во ИБФ, ВБО и ВБА во судир на титаните за обединувањена сите шампионски појаси.

Менаџерот на Фјури, Еди Хорн, пред еден месец објави дека договор ќе има сигурно за една, веројатно и две борби годинава, а се најавува дека првиот бокс меч ќе биде во мај.

„Сигурно ќе боксувам против Џошуа. Милион отсто работата е завршена, само се чека на финеси. Едвај чекам да се потпише конечен договор и да се подготвам за победа“, изјави Фјури.

Во опција за првиот меч како град домаќин е Лондон, но и неколку градови во Америка.

- Оглас -

Најнови вести