Фјури со закана му одговори на Џошуа: Ќе те нокаутирам во првите три рунди

Ентони Џошуа по победата над Кубрат Пулев со која ги одбрани појасите во ИБФ, ВБА и ВБО организациите во тешка категорија, и најави дека ќе го напаѓа преостанатиот четврти појас во ВБЦ кој засега го чува сонародникот Тајсон Фјури.

Кралот на Ромите веднаш му одговори на Џошуа, му се закани дека ќе го нокаутира во првите три рунди. Дефинитивно борбата во најава ќе биде една од најголемите во историјата на боксот, за која засега нема одреден датум.

„Џошуа сам себе си наштети со изјавата во преносот во живо. Избегна да одговори дали сака да се бори против мене. Јас сакам да ги одмерам силите против Ентони, борбата со него да ми биде следна на распоредот. Тој е пропалица и едвај чекам да го нокаутирам, а ќе го сторам тоа по само три рунди“, истакна Фјури.

Инаку, Фјури беше поканет во живот да ја проследи борбата меѓу Џошуа и Пулев, меѓутоа тој не се појави на „Вембли“.

- Оглас -

Најнови вести