Фјури за мајката на Вајлдер рече дека таа е втор најдобар боксер на светот

Провокациите меѓу двајца боксери пред нивната борба, особено кога е за светска титула, е нешто нормално во овој спорт. Затоа и Дионте Вајлдер не му се налути на Тајсон Фјури кога на официјалното мерење му рече дека е послаб и од неговата мајка, а камоли од него.

„Ти си трет најдобар боксер во тешка категорија“, рече Фјури. Вајлдер праша: „А, кој е втор?“, по што Британецот имаше подготвен одговор и како од пушка кажа „Мајка ти“. Вајлдер не беше погоден од ваквите зборови и порача дека мајка му го заслужува првото место.

Борбата за титулата светски првак во тешка категорија ќе се одржи во Лас Вегас, в недела во раните утрински часови. Ова е реванш откако нивната прва борба пред малку повеќе од една година заврши нерешено. Двајцата само за борбата, без делот од ТВ-правата, ќе земат по 25 милиони долари, без разлика кој ќе победи, а кој ќе загуби.

- Оглас -

Најнови вести