ФК Вардар ги казни двајцата фудбалери кои беа фатени во казино пред мечот со Охрид

„Фудбалскиот клуб Вардар сака да ја информира јавноста дека е поведена дисциплинска постапка против двајца фудбалери од првиот тим поради прекршување на дисциплинскиот статут на клубот пред последниот одигран натпревар на гостувањето во Охрид. Фудбалерите се парично казнети со 3 месечни плати и во следните 15 дена ќе тренираат со младинските категории“, објавија Вардарци.

Неофицијално, станува збор за Филип Петковски и Трајче Стојковски, кои на ден пред мечот со Охрид, кој заврши 0-0, биле фотографирани во казино и сликата е објавена на порталот „Инфоспорт“.

- Оглас -

Најнови вести