Фламенго е во хаос, прво тренер тепаше играч, а сега фудбалери се испотепаа меѓу себе на тренинг

Тимот на Фламенго изминатиот период е во центарот на бразилската спортска јавност поради инцидентите, прво тренерот претепа свој фудбалер, а сега играчите меѓу себе се испотепаа на тренинг.

Играчите на овој тим, Жерсон и Гиљермо Варела прво вербално влегоа во дуел, а потоа одлучија и физички да се пресметаат. Подебелиот крај го извлече Варела бидејќи му беше скршен носот.

Ова е втор инцидент во последните 30-тина дена во кој работите се решаваат со тупаници во редовите на бразилскиот гигант. Претходно, помошниот тренер доби отказ бидејќи го удри фудбалерот на својот тим, Педро.

- Оглас -

Најнови вести