Флавио Бријаторе има нова девојка, разликата во години е шокантна

Италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе, кој е и ексшеф на тимот од Формула 1 Бенетон Рено, повторно е заљубен и има нова девојка која е 49 години помлада од него. Девојката се вика Бенедета Боси и студира правен факултет. Бријаторе има 69 години.

Бријаторе со младата девојка минале романтичен викенд во Кенија. Долгоногата Бенедета живее во Милано, каде што студира, а била и Мис карневал во провинцијата Лука. Таа веднаш му се допаднала на познатиот плејбој и веднаш ја поканил на вечера во Монте Карло, по што завршиле во најскапиот хотел.

Бријаторе беше во брак со Елизабета Грегорачи, која е „само“ 30 години помлада од него и со неа има син. Флавио има деветгодишно дете и со некогашната славна германска манекенка Хајди Клум, а беше верен и со поранешниот супермодел Наоми Кемпбел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести