Флеш е талисманот на Јувентус, кога игра тој, Бјанконерите не губат

Даглас Коста е среќното лице на фудбалскиот тим Јувентус. Со бразилското крило кое има прекар Флеш, Јуве последен пат загубил во 2018 година против Наполи, и тоа противникот голот го даде откако Даглас беше повлечен од игра. На 31 меч со Даглас во составот во Серија А, италијанскиот првак има 26 победи и пет нерешени.

Повредите се негов најголем проблем, но кога игра, неговите дриблинзи и опасни додавања прават разлика и со него Јуве е поопасен. И синоќа во Купот против Рома имаше одлични потези, меѓу кои и асистенцијата до Бонучи за еден од головите.

- Оглас -

Најнови вести