11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Флик даде наредба: Доста беше, сакам да видам поинакво лице на Барселона

Барселона пред своите навивачи денеска попладне игра против Жирона во меч од деветото коло во шпанското првенство. Каталонскиот гигант е голем фаворит затоа што Жирона сезонава игра многу слабо и досега освои само шест бодови што е доволно за 17-тото место на табелата.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик вели дека неговите фудбалери мора да бидат претпазливи затоа што не сака да му се случи тоа што му се случи во последното коло кога каталонскиот гигант загуби убедливо со 4:1 од Севилја.

„Сакам да видам промена. Треба да се бориме. Треба добро да го започнеме мечот. Различно од тоа што го направивме во Севилја. Треба да го одиграме нашиот најдобар фудбал. Ние сме Барселона и нашите навивачи сакаат да гледаат како се бориме за секоја топка“, рече Флик.

Стратегот на Барселона додава дека оваа пауза поради репрезентативните обврски може добро да влијае врз екипата. Флик има проблеми околу составување на тимот. Поради повреди Феран Торес, Роберт Левандовски и Рафиња, а недоволно закрепнати се Ламин Јамал и Фермин Лопес.

- Оглас -

Најнови вести