Флик протестира, судијата се правда: „Што можам јас тука да направам? ВАР вели дека е офсајд“ (Видео)

Големи полемики во Шпанија предизвика поништениот гол на Роберт Левандовски во 13-тата минута од натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Барселона. Полуавтоматскиот ВАР-систем кој се користи во Ла Лига одлучи дека полскиот репрезентативец со делот од копачката бил во офсајд, но потоа се појавија фотографии на кои се гледа дека тоа е копачката на одбранбениот фудбалер на Реал Сосиедад, а не на напаѓачот на Барселона.

Очигледната грешка на ВАР-системот беше причина Ханси Флик бурно да реагира на полувремето кај судиите, кои и не беа виновни во дадената ситуација бидејќи таква одлука донесе ВАР-системот. Од видеото може да се забележи дека судијата се правда за донесената одлука.

„Што да правам јас? Ако ВАР вели дека е офсајд, зошто ние би измислувале непостоечки офсајд? Вие тврдите дека не било недозволена позиција бидејќи одлуката е против вашата екипа“, му вели судијата на Флик, кој продолжува да инсистира дека донеле погрешна одлука.

„Но, слушајте, зошто ние би измислувале офсајд?“, се зборовите на судијата на крајот од видеото.

- Оглас -

Најнови вести