„Сол на рана“ за Хартс: Селтик добил незаслужен пенал кој на крајот го направи да биде шампион

Во едно од најдраматичните првенства, Селтик ја освои титулата во првенството на Шкотска, откако со 2:1 го победи директниот ривал Хартс, во последното коло. Со таа победа Селтик се искачи на првото место во последен момент и ја освои титулата.

Хартс кој повеќе од 60 години чекаше да се израдува на титулата и точно 40 години за да се прекине доминацијата на Селтик и Ренџерс на крајот не успеа и заврши на второто место. Голема беше тагата и разочарувањето кај играчите и навивачите на Хартс поради неуспехот, а сега доаѓа информација која им става „сол на раната“.

Од Шкотската фудбалска федерација за клучни судиски одлуки, беше донесен заклучок дека Селтик незаслужено добил пенал во дуелот против Мадервел во претпоследното коло од првенството. Тогаш, Селтик губеше, стигна до 2:2, а во 90+9 минута беше досуден пенал за Селтик и тоа по интервенција од ВАР собата.

Селтик даде гол за победа од 3:2 и така доби поголема шанса да стигне до титулата во последното коло. Доколку Селтик одиграше нерешено против Мадервел, во последното коло Селтик ќе мораше да брка победа од три гола разлика против Хартс, што секако беше малку веројатно.

На крајот, Селтик го прифати подарокот за пенал и даде гол за победа против Мадервел, па во последното коло наместо да брка победа од три гола разлика против Хартс, доволно беше што победи со 2:1 за на крајот шкотскиот гигант повторно да се радува на титулата.

- Оглас -

Најнови вести