Флик сака да го врати Перишиќ, Интер бара 15 милиони евра

Баерн Минхен ќе се обиде да го врати Иван Перишиќ во своите редови по желба на тренерот Ханси Флик. Искусниот хрватски крилен офанзивец беше позајмен изминатата сезона, а привремената соработка му заврши пред неколку дена и се врати во Интер.

Сепак, извесно е дека Перишиќ нема да го носи дресот на Нераѕурите, туку ќе се врати во Бундеслигата, а Баерн се надева дека ќе го добие неговиот потпис за 12 милиони евра, од кои три милиони евра бара Интер.

Перишиќ со Баварците ја освои тројната круна, меѓутоа не беше стандарден првотимец и ако се врати на „Алијанц арената“, ќе има силна конкуренција покрај Серж Гнабри, Лерој Сане и Кингсли Коман.

- Оглас -

Најнови вести