Флорентино Перес доби брутален одговор по барањето за формирање Суперлига на Европа

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, вели дека нема никаков проблем за шпанскиот гигант да се приклучи на европска Суперлига доколку се формира такво натпреварување. Иницијативата за формирање на европска Суперлига е актуелна во последните неколку месеци, а во неа би требало да учествуваат најмоќните клубови, како што се: Реал, Барселона, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, ПСЖ, Челзи, Јувентус…

„Мора да најдеме начин како да го задржиме фудбалот да остане атрактивен. Потребно е нов замав за да може да одговориме на актуелната ситуација. Последните неколку недели видовме дека има заситување од фудбалот. Играчите сè почесто имаат здравствени проблеми. Промените во фудбалот веќе не може да чекаат“, вели Перес.

По оваа изјава на Перес, многу брзо стигна и одговор од претседателот на шпанската Примера дивисион, Хавиер Тебас.

„Суперлигата е одличен проект. Одличен за банкрот. Па, едноставно е невозможно да се направи Суперлига. Ако некој вели дека тоа е профитабилен формат, тогаш тој не ја познава фудбалската индустрија. Суперлигата е голем ризик“, вели Тебес за идеја за формирање нова лига.

 

- Оглас -

Најнови вести