ПСЖ ќе го продолжи договорот со Луис Енрике за нови четири години

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, е многу блиску до продолжување на соработката со францускиот клуб. Според најавите, новиот договор меѓу двете страни би требало да биде со траење од четири години.

ПСЖ се пласира во второ последовно финале во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето го елиминираше Баерн Минхен.

Шпанскиот стратег, сепак, нема да брза со потписот, бидејќи целосно е насочен кон завршницата на сезоната во Лига 1, како и кон големото финале во Лигата на шампионите против Арсенал.

Енрике, кој има 55 години, го предводи ПСЖ од летото 2023 година, а неговиот сегашен договор истекува на крајот од следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести