Ван Дајк го напушта Ливерпул и се сели во Галатасарај?

По речиси една деценија доминација на препознатливи имиња, Ливерпул се подготвува за голема реконструкција на тимот. По најавеното заминување на Мохамед Салах, како и неизвесноста околу иднината на Енди Робертсон и Алисон Бекер, сега сѐ погласни се и шпекулациите за разделба со капитенот Вирџил ван Дајк.

Според последните информации, искусниот дефанзивец веќе дал позитивен одговор на Галатасарај и е многу блиску до преселба во Истанбул по завршувањето на сезоната.

Ван Дајк со години беше еден од симболите на Ливерпул и клучна фигура во најуспешниот период на клубот во поновата историја. Холанѓанецот имаше огромен удел во освојувањето на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а долго време важеше за еден од најдобрите стопери во светот.

Наводно, 35-годишниот фудбалер веќе ги информирал челниците на Галатасарај дека е подготвен да го облече нивниот дрес, а останува само договор меѓу двата клуба.

Со оглед дека Ван Дајк влегува во последната година од договорот со Ливерпул, англискиот клуб нема да прави големи проблеми околу евентуалниот трансфер. Дополнително, неговото заминување би значело и значително намалување на трошоците, бидејќи Холанѓанецот заработува околу 18 милиони фунти по сезона.

- Оглас -

Најнови вести