Флуминенсе го победи Фламенго на пенали, јунак е братот на Алисон (Видео)

Флуминенсе по подобро изведување на пеналите, го совлада лутиот ривал Фламенго во финалето на Купот на Рио де Жанеиро, а јунак беше голманот на Флу, Муриел. Станува збор за 33-годишен голман кој е роден брат на Алисон Бекер, кој брани за Ливерпул и за бразилската репрезентација. Кога двајцата се со бради, сличноста е голема и лесно е да се погоди дека се браќа.

Мечот заврши 1-1, а потоа во пенал-серијата Фламенго не реализираше дури три од петте пенали.

Заслугата за победата е кај Муриел, кој блесна со одбраните и докажа дека во семејството Бекер нема лоши голмани.

- Оглас -

Најнови вести