Фода мисли на се – Селекторот на Австрија се подготвува и за дефанзивна Македонија, но и за ривал што ќе напаѓа

Франко Фода очекува Македонија утре во Букурешт да се брани, но е подготвен со варијантата и Горан Пандев и соиграчите да нападнат без премногу респект.

„Очекувам една цврста селекција што утре ќе дебитира на големи натпреварѕвања против нас, но можно е и Македонија да нападне.Тие се многу солидна селекција, непредвидлива и со концепт што успеа да ја нокаутира Германија. Сепак очекувам да играат подефанзивно, но подготвени сме за сите можни варијанти“, изјави Германецот на кормилото на Австрија.

Тој се уште не знае дали Марко Арнаутовиќ ќе биде стартер, а проблематичен е и настапот на капитенот Јулијан Баумгартлингер.

„Кој и да игра и без разлика против кого, Австрија секогаш оди на победа. Така ќе биде и утре, со, или без мене“, изјави Баумгарлтингер, кој е играч на Баер Леверкузен и капитен на Австрија.

Премиерниот меч за двете селекции, што е историски и прв за нас на ЕП ќе се игра утре од 18 часот во Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести