Форлан за Роналдо: Кристијано е нарцис

Диего Форлан неодамна ја заврши фудбалската кариера, а за крај имаше да каже нешто и за Кристијано Роналдо. Играа заедно во Манчестер јунајтед, а Уругваецот има интересен коментар за некогашниот соиграч во таборот на Црвените ѓаволи.

„Многу беше самобендисан и сосема спротивно се однесуваше, на пример, од Дејвид Бекам. Роналдо постојано висеше пред огледало, како нарцис“, вели Форлан.

Прв интернационален клуб и на двајцата им беше Манчестер јунајтед, а и двајцата оставија впечатлива трага кај англискиот гигант, но очигледно не биле најблиски пријатели.

Форлан има богата кариера, а играше за Индепендиенте во Аргентина, од каде што пристигна во Манчестер јунајтед во 2002 година. Една сезона потоа на „Олд Трафорд“ дојде и Роналдо, кој сепак има и подобра кариера и е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести