Фудбалската репрезентација на Македонија со серија од пет меча без победа вечерва ќе гостува во Даблин, во меч кој нема да има резултатско значење бидејќи и ние и Ирска бевме поразени во првиот бараж за пласман на Светското првенство.
Сепак, Ирците се во многу подобра форма во пресрет на овој меч – со три победи по ред во квалификациите и пораз на пенали од Чешка во вторникот.
На страната на Ирска е и традицијата, која вели дека во досегашните шест меча, Македонија има само една победа, и тоа во 1997 година во Скопје. Ирска победувала четирипати, а еден дуел завршил нерешено (во 1999 година).
И квотите во Sport Life се на страната на Ирска. Домашните имаат квота од 1.62 за победа, додека триумф на Македонија има квота од 5.20.
Македонија вторпат ќе гостува на стадионот „Авива“ во Даблин, а претходно двапати играше и на „Ленсдаун роуд“, стадионот кој беше срушен за да се изгради денешното модерно здание. Од трите гостувања на ова место се враќавме со наведнати глави, односно со порази од 3-0 (1996), 1-0 (1999) и 2-1 (2011).
Единствениот гол за Македонија на гостувањата во Даблин беше дело на Иван Тричковски во 45-тата минута од мечот во 2011 година, кога намали на 2-1, воедно и го постави конечниот резултат.


