Фоски му вети на капитенот Несторовски, ќе има бонус за камбек во Серија А

Палермо ќе им исплати дополнителен бонус на играчите ако клубот успее да влезе во повисок ранг на натпревари, во Серија А, а во името на фудбалерите на преговори беа капитенот Илија Несторовски и неговиот заменик Андреа Рисполи.

Палермо сака да ја избегне ланската драма, кога во последното коло не успеа да се врати во Серија А, па сега на играчите им е ветена награда. Не се објавува колкава е сумата, но Рино Фоски им дал цврсти гаранции на фудбалерите дека ќе бидат наградени ако успеат во следните девет кола да го задржат второто место или го освојат првото, што е гаранција за пласман во повисок ранг на натпревари.

За Палермо покрај Несторовски, игра и Александар Трајковски, а клубот и покрај сериозните финансиски проблеми, сепак се одлучи за одличен потег што дополнително ќе ги стимулира играчите да успеат.

Моментно Палермо со 49 бодови е на второто место, зад лидерот Бреша со 50, а и двете екипи имаат меч помалку од конкурентите, односно до крај ќе играат уште 9 натпревари. Првите две места во Серија Б носат директен пласман во елитата, а следните 6 екипи ќе играат бараж за уште едно место во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести