Фото на денот: Страстен бакнеж на Пеп и Жозе среде Барселона (фото)

Во Барселона за време на музички фестивал откриен е гигантски мурал на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо како се бакнуваат.

Муралот претставува пародија на бакнежот на култните политичари Леонид Брежнев и Ерик Хонекер на берлинскиот ѕид.

„Боже мој, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“, е описот на муралот.

Пораката која гласи е дека љубовта е присутна и меѓу најголемите ривалства. А, токму Пеп и Жозе се едни од најинтересните менаџерски ривалства во фудбалот во изминатите 15-тина години.

- Оглас -

Најнови вести