Фото за збогум од „Сантијаго Бернабе“: Крос се фотографираше со сите трофеи кои ги освои со Реал (Видео)

Тони Крос ќе одигра уште само еден натпревар за Реал Мадрид, финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а потоа ќе настапи и на Европското првенство за Германија. И тука некаде ќе биде крајот на една голема фудбалска кариера.

Германецот во Реал Мадрид пристигна во 2014-тата година од Баерн Минхен, претходно една сезона како позајмен беше и во Баер Леверкузен. Во својата кариера има освоено преку 30 трофеи, од кои 22 се во дресот на „кралскиот“ клуб.

Реал Мадрид организираше фото-сесија на Тони Крос со сите трофеи кои ги освои, како збогум од „Сантијаго Бернабе“. Германецот се фотографираше со претседалеот на клубот, Флорентино Перес, но и Лука Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести