Фотографија од Пирс му служела како мотивација да ги освои последните два прстени во кариерата

Изминаа повеќе од два месеци од смртта на кошаркарскиот великан Коби Брајант. Најдобриот Езерџија во историјата загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиџи и уште седуммина кои се наоѓале во леталото кое се урна во близина на Лос Анџелес. Со денови жителите на Ел-Еј и НБА лигата тагуваа за нивниот херој, за кои беше многу повеќе од успешен кошаркар.

За да се овековечи делото на Брајант се раскажуваа безброј анегдоти и интересни моменти, се правеа и уште се прават компилации од неговите најдобри потези и слично. Интересен момент во врска со Коби која ја потврдува неговата големина раскажа некогашната американска кошаркарка Су Бирд.

„За време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се сретнав со Коби и заедно ручавме. Тој читаше весник и во него виде фотографија од Пол Пирс од финалето кое во Лејкерс загуби од Бостон истата година. Ја исече фотографијата од ривалот и ја стави во џеб, ме погледна и ми се обрати: За мотивација!“, раскажа Бирд.

По загубеното финале во сезоната 2007/08, Брајант ги предводеше Лејкерс до уште две последователни финалиња во следните две сезони. Во 2009 година го надигра тимот на Орландо меџик за четврти шампионски прстен, а наредната сезона им се одмазди на Селтикс и Пол Пирс освојувајќи го петтиот и последен прстен во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести