Фотографијата на Новак од тренингот урива рекорди – Легендата Том Брејди со поддршка, Ловрен е хит (Фото)

Една фотографија направи невиден потрес и предизвика огромен интерес на социјалните мрежи, а секако во фокусот е Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ објави фотографија пред првиот тренинг на комплексот терени на Отвореното првенство на Австралија отако беше ослободен од хотелот за мигранти и му беше вратена визата за влез во земјата.

Веднаш реагираа илјадници луѓе, обични, познати и непознати, а меѓу нив има и големи светски ѕвезди.

Легендата во НФЛ, Том Брејди му посака среќа на Ѓоковиќ, а со пораки за поддршка се огласија и Алешандре Пато, Маркос Багдатис, Васек Поспишил, Иван Ракитиќ…

Хит е коментарот на Дејан Ловрен, хрватскиот фудбалски репрезентативец кој вели:

„Првиот сет е добиен, сега Ноле земи го и вториот, почнувајќи со Надал. Среќно и да газиш“, напиша Ловрен.

Ѓоковиќ ја доби првата битка и му беше вратена визата за влез во Австралија, но останува да се почека конечната одлука, што е најавена за утре, почнувајќи од полноќ, па натаму.

Новак имаше многу проблеми при слетувањето во Мелбурн, каде што се обиде со медицинска потврда дека не мора да се вакцинира да влезе во земјата.

Визата му беше поништена, а тој по долг престој на аеродромот во Мелбурн, беше префрлен во објект за мигранти, каде што мина период до првото судење на кое му беше вратена визата.

- Оглас -

Најнови вести