Фраер на вечерта во Лигата на Европа

Еден симпатизер на Динамо Загреб имаше најмногу причини за славење вечерва. Радоста за победата на неговиот омилен клуб беше најавена со една негова лична радост. Пред 25.000 гледачи на „Максимир“, тој ја побара својата девојка да му биде жена.

„Драга Ивана, те молам да станеш госпоѓа Рубиќ и ќе те сакам до крајот на животот! Томислав Рубиќ“, се појави пораката на семафорот на „Максимир“. Само најблиските можеа да слушнат дека Ивана прифатила да се омажиш за Томислав, а парот доби аплауз од 25.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести