„Фраер“ влезе на терен на женски натпревар од ЛШ, па беше патосиран од фудбалерка и сите му се смееја (Видео)

За некого интересна, за други непријатна ситуација, се случи за време на фудбалскиот натпревар од Лигата на шампионите во женска конкуренција помеѓу Челзи и Јувентус.

Еден „храбар“ навивач сакаше да биде ѕвезда, и влета на терен, си правеше селфија, а фудбалерките чекаа натрапникот да биде оттргнат од редарите и обезбедувањето.

Додека чекаа, најнетрпелива беше Австралијката Саманта Кер, која се залета кон навивачот и со бодичек го испрати на трева. Дури тогаш тој беше изнесен надвор од терен, плус тоа сите присутни на трибините му се смееја, а судијата и покажа жолт картон на Кер за „фаулот“ над навивачот.

- Оглас -

Најнови вести