Лајпциг е аспирин за Баер, повторно ќе победи на „Бај арена“

Фрајбург – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Апсолутен фаворит е гостинот и очекувам да победи во дуел на две екипи што играат офанзивен фудбал. Фрајбург изненадува со одличен старт во Бундеслигата и веќе има 13 бода на шест натпревари, ефект кој веројатно ниту самите не го очекуваа.

Најдобриот стрелец на младинското Европско првенство Џанлука Валдшмит им е тајно оружје и е прв стрелец на тимот, иако најчесто е резерва.

Иако игра одлично очекувам Фрајбург да загуби денеска од Борусија, состав кој е поквалитетен и има поширок избор на играчи.

Предлог тип: 2&3+ (2.28)

 

Баер Леверкузен – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Би типувал храбра двојка. Очекувам Лајпциг брзо да се врати на патеката на успехот, а игра одлично на гости со ефект од три победи и гол-разлика 10:1.

Имаат и добра традиција кога се гости на „Бај арена“ и забележаа две победи и реми на последните три дуели со Баер во Леверкузен.

Можеби проблем за Лајпциг ќе биде напорниот распоред на мечеви, бидејќи играат и во Лигата на шампионите, но сепак очекувам да потврдат дека се квалитетен состав што повторно ќе се бори за место во првата петорка во Бундеслигата.

Предлог тип: 2 (2.60)

 

Шалке 04 – Келн (Сабота, 18.30 часот)

Шалке 04 е во топ-форма и одлично гази на почетокот на сезоната. Имаат четири победи по ред и шанса и за петта, бидејќи им доаѓа Келн на гости.

Давид Вагнер го консолидира тимот и од лански кандидат за испаѓање, сега Шалке 04 е кандидат и за позиции што водат во Лигата на шампионите.

Келн не се засили соодветно за искушенијата во силната Бундеслига и ќе биде еден од главните кандидати за испаѓање, односно во нивниот случај за враќање во Втората германска лига.

Шалке 04 е во опасен налет, игра одлично и очекувам нивна офанзива и победа против тим што е во криза.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.70)

 

Волфсбург – Унион Берлин (Недела, 15.30 часот)

Волфсбург со Баерн се единствените два клуба во Бундеслигата што немаат пораз и очекувам и по ова коло да продолжат во ист ритам.

Оливер Гласнер има состав што со мали измени игра долг период заедно, што у носи резултати на Волфсбург. И сега се големи фаворити за победа против еден симпатичен клуб, каков што е Унион Берлин.

Сепак и тие како и Келн дојдоа недоволно подготвени за предизвиците во Бундеслигата, секако тука мислам на неадекватните засилувања и скромниот игарчки кадар. Се обидуваат со борбеност да надоместат, но според мене немаат шанси за подвиг на „Фолксваген“ арената во Волфсбург.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Вердер (Недела, 18 часот)

Ова ќе биде интересен дуел на две екипи што играат отворен фудбал, а и традиционално постигнуваат многу голови на меѓусебните мечеви.

Домаќините го сменија комплетниот напад, што малку и се одрази на игрите на мојот поранешен тим, но полека влегуваат во ритам.

Вердер е ефикасен во нападот, но и прима доста голови, па е меѓу тимовите на кои најчесто им се тресеше мрежата во минатите шест кола.

И традицијата покажува дека на „Комерцабанк“ арена утре може да се очекуваат голови. На последните шест меѓусебни дуели имаше 3+, што е мој тип и за овој меч.

Предлог тип: 3+ (1.53)

 

 

- Оглас -

Најнови вести