Франческо Тоти – Фудбалска икона, принц на Рим, спортски работник… И актер?! (видео)

Франческо Тоти смени правец и најде сосема различна професија со која ќе се занимава во иднина наместо да остане во фудбалскиот свет. Иконата на Рома пред околу два месеца ја напушти позицијата клупски директор, а новиот ангажман во телевизискиот шоу-бизнис ќе му овозможи да ја прошири својата популарност.

Имено, Тоти ќе се појави во позната италијанска комична ТВ-серија која се вика „Ромоло + Жули“ – пародија на познатото дело на Шекспир „Ромео и Јулија“. Улогата на Тоти е светец, односно „Сан Пупоне“, според прекарот кој го доби уште во дресот на Рома, а значи „Големото бебе“. Тој ќе дебитира во втората сезона на популарната теленовела која стартува од 16 септември.

Знаејќи каква легенда е и колку навивачи на Рома го величат, оваа улога на Тоти потполно му одговара.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=42&v=QLeFxVefsHs

- Оглас -

Најнови вести